генерални спонзори
ексклузивен спонзор
подржано од:
Струмичкиот Карневал е вековна
традиција на градот под Царевите кули и е директно поврзан со верскиот празник
Тримери . Единствена манифестација од таков вид
во Република Македонија , посветена на армасаните (верени) девојки .
Датумот на одржување се менува во зависност од Велигден и секогаш е во вторник
после чист понеделник . Во текот на празнувањето после одржувањето на карневалската
поворка , маскираните групи одат во куќите на армасаните девојки каде меѓу
маскираните девојките треба да го препознаат својот вереник .
Струмичкиот Карневал е многу стара традиција и први
пишувани извори се од турскиот патеписец Евлија Челебија .
До денешен ден не се памети карневалот да не се одржал , а во раните 70 години
направен е обид за негово организирано одржување , но по неколку годишна успешна
организација , организираната форма е укината , но без разлика на се тој продолжил
да се одржува спонтано .
Во 1991 година повторно е обновена организираната форма која го поврати сјајот
на Струмичкиот Карневал .
Од 1994 година Струмица е член на меѓународната асоцијација на карневалските
градови FECC а во
1998 година беше домакин на 18 Интернационален конгрес на карневалските градови
. Како резултат на соработката со оваа асоцијација воспоставена е соработка
и размена на групи со повеке земји .
